дома Македонија Град Скопје „ќе cпиcka“ 32 илјади евpa на хотели и такси превоз

Град Скопје „ќе cпиcka“ 32 илјади евpa на хотели и такси превоз

Град Скопје ќе потроши нешто над 32 илјади евра на хотелско сместување и такси превоз.

Имено на страната на Бирото за Јавни Набавки е објавен оглас распишан од Град Скопје при што предмет на договорот за јавна набавка е
Агенција за обезбедување на хотелско сместување на гости и вработени.

Проценетата вредност на договорот е 1 милион и 694 илјади денари без ДДВ, додека цената со ДДВ изнесува речиси 2 милиони денари односно 32 илјади и 500 евра.

Класификацијата на сместувачките капацитети се хотели со 3, 4 и 5 ѕвезди, а такси превоз е потребен за аеродромски транспорт од Скопје, Охрид, Ниш, Белград, Солун, Софија, Тирана и Приштина.