дома Македонија ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА ЌЕ СЕ ПОМИНУВА ПЕШКИ: Штрајк на цариниците во Грција...

ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА ЌЕ СЕ ПОМИНУВА ПЕШКИ: Штрајк на цариниците во Грција ќе ги блокира граничните премини

Поради штрајк на грчките царински служби, утре ќе биде во прекин сообраќајот за секаков вид на преминување на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци.

 

Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред:

ГП Богородица од 06.00 часот на 19.10.2017 до 06.00 часот на 20.10.2017

ГП Меџитлија од 06.30 часот на 19.10.2017 до 06.30 часот на 20.10.2017

ГП С.Дојран од 05.00 до 23.00 часот на 19.10.2017.