дома Хроника ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА СЕУШТЕ ЗАТВОРЕН: Во Грција преку Дојран и Битола –...

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА СЕУШТЕ ЗАТВОРЕН: Во Грција преку Дојран и Битола – ова е утринската состојба на патиштата!

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Богородица (Евзони) и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Граничниот премин Дојран е затворен за сообраќај на товарни возила, а за патничките возила преминот е отворен.

Граничниот премин Меџитлија е отворен за сообраќај за сите видови на возила

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта сe одвива по суви коловози, освен на осојничавите места.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.