дома Социјални Мрежи ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ВЕДНАШ: Власта да не ги крие кpaдците од ДУИ

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ВЕДНАШ: Власта да не ги крие кpaдците од ДУИ

Врие во јавноста откако се обелодени информацијата дека во вториот столб од Пензиското осигурување недостасуваат дури 19 милиони евра, пари на осигуреници кои редовно си ги плаќале обврските.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска обелодени дека фалат пари во вториот столб од пензиското осигурување. Таа во изјава за медиумите ја смируваше јавноста и инфомираше дека сите ќе бидат обештетени, останува нејсно кој и како успеал да извлече огромна сума на пари од граѓаните, а беше потврденo дека е покрената kpривична пријава до непозанат сторител.

Симптоматично е што со оваа институција, Фондот за здравствено и пензиско осигурнување директорува кадар на ДУИ, а министерката Царовска обелодени дека пари за обештетување ќе се обезбедат од Владата, односно од пари на граѓаните

Социјалните мрежи вријат а народот е гневен затоа што државен криминал ќе се плаќа од џебот на граѓаните.

И долгогодишниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ на својот Фејсбук профил го покажа ДУИ како одговорен за овој kpиминал тежок 19 милиони евра