дома Македонија ГРАЃАНИТЕ ВО ШOK: Евро и пол за патарина од Смоквица до Гевгелија

ГРАЃАНИТЕ ВО ШOK: Евро и пол за патарина од Смоквица до Гевгелија

Превозниците реагираат на одлуката на владата за новите цени на патарините на автопатите во земјава според која по 290 денари ќе плаќаат автобусите и полесните камиони, а 430 денари шлеперите и шлеперите со приколка на делницата Смоквица-Гевгелија, последната траса од автопатот низ Македоинија која беше пуштена минатата година.

„Најмногу ќе им се зголемат трошоците на оние што вршат внатрешен превоз, бидејќи и при регистрација се наплаќа патна такса, а тие што вршат внатрешен превоз не можат да ја повратат. Втора категорија што ќе бидат погодени ќе бидат и оние што возат за соседството, Албанија Косово и слично“, вели Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијација МАКАМ-ТРАНС.

Владата во понеделникот донесе одлука за новите цени на патарините според која, токму овој дел од автопатот ќе ги чини граѓаните – 100 денари за авомобили и 160 денари за комбиња и автомобили со приколка.

Лавина пеакциии има и кај граѓаните, а некои од медиумите пресметаа дека со оваа, најскапа патарина во Македонија, вкупната цена на патарините од Табановце до Гевгелија ќе чини 300 денари, еднакво на повратна карта со автобуски превоз.