дома Македонија ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА НАЈАВИТЕ: Бегалците да си ги носите во Муртино, не...

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА НАЈАВИТЕ: Бегалците да си ги носите во Муртино, не во Прилеп!

Се пожестоки се реакциите на граѓаните, по најавите за усвојување на стратегијата со која се предвидува интегрирање на мигранти од блискиот и среден исток, во која се предвидува доделување на Македонско државјанство, вдомување во државни станови кои ќе се градат со народни пари, обезбедување на образование и здравствени услуги, но и вработување

 

Неколку градови веќе најавија дека размислуваат за одржување на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за изградба на згради и прифатни кампови во нивните општини, или не.

Прв најави референдум градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, а реагираа и од Штип и Струга.

Реакциите се жестоки и во Битола, каде како што изјави пратеникот од СДС Васко Ковачевски, на Меџитлија ќе се гради голем прифатен камп. Претходно, согласно стратегијата МТСП побарале од општината и предлог локации за изградба на овие станови.

Помеѓу незадоволните се и граѓаните на Прилеп, кои преку графит му порачуваат на Заев, мигрантите да си ги носи во Муртино наместо во Прилеп.