дома Актуелно ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОМАСОВНО ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Денеска 26 градови со поддршка

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОМАСОВНО ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Денеска 26 градови со поддршка

За денеска е најавено одржување на  протестен марш во вкупно 26 градови, каде граѓаните ќе кажат „да“ за унитарна Македонија и „не“ за двојазичност, кантонизација, промена на устав, знаме,и државниот грб.

Вчера граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“  одржа протестен марш во речиси сите поголеми градови во државата

Во Скопје, учесниците, маршираа од Владата на Република Македонија до Собранието, повторувајќи ги своите барања дека се за заедничка Македонија, и се против платформи направени во други држави.