дома Македонија ГРАЃАНИ И НОВИНАРИ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ТВ Нова: Се прави...

ГРАЃАНИ И НОВИНАРИ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ТВ Нова: Се прави притисок не само врз таа телевизија, туку и врз целокупното медиумско известување во Република Македонија

 Скопска Апелација сѐ уште се нема произнесено за одлуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“ Сеад Кочан, по вчерашната јавна седница. Пред судот се собраа колеги новинари и граѓани, претставници на бошњачката заедница, за да изразат поддршка за телевизијата.

Н

Новинарите сметаат дека со одлуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“ се прави притисок не само врз таа телевизија, туку и врз целокупното медиумско известување во Република Македонија.

protest-kocan

Пред присутните пред Апелација се обратија претседателот на Здружението за културно обединување на Бошњаците во Р.М. „Аваз“, Зеќир Рамчиловиќ, и Нермина Чоровиќ, член на здружението. Тие одлуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“ ја нарекоа селективна правда и нарачка од СДСМ со цел да се нанесе удар на еден од највидните членови на бошњачката заедница.

Новинарот и потпретседател на МАН, Цветин Чилиманов, истакна дека е крајно симптоматично што СЈО се интересира и бара притвор за лица кои се поврзани со медиумскиот простор во државава.