дома Македонија „ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА“ ЌЕ СЕ ФОРМИРА БЕЗ МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Мирка Велиновска и Миленко...

„ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА“ ЌЕ СЕ ФОРМИРА БЕЗ МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Мирка Велиновска и Миленко Неделковски ќе ја водат својата борба поинаку!

Иницијативата наречена „Граѓанска Влада“ во која учество ќе земат редица интелектуалци и општествени дејци, предизвика интерес кај јавноста, но за жал дел од информациите за составот на оваа иницијатива не беа комплетно точни

Меѓу останатите во „составот“ на Граѓанската влада беше вметната и Мирка Велиновска, која пак негира дека воопшто била консултирана за оваа иницијатива, и додава дека нејзината борба за Македонија ќе ја продолжи на за неа својствен начин.

За ова на својот ФБ профил напиша и новинарот Миленко Неделковски.

Во изјава за Инфомакс, Неделковски додава:
– Вакви иницијативи замислени во главите на канцелариски глувци се со цел да го уништат кредибилитетот на единствените неколкумина некорумпирани и непотрошеми јавни личности какви што се Мирка, Бобан и Дарко.