дома Балкан Гренел: Бајден не смее да молчи за ситуацијата во Косово, oва е...

Гренел: Бајден не смее да молчи за ситуацијата во Косово, oва е опаcно и нeпpомислено

Ричард Гренел, пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина се огласи за актуелната ситуација на северот на Косово и Метохија.

– Договорот од Брисел е јасен и треба да се почитува – ова го крши. Мора да престане политичката манипулација на некои во Приштина пред локалните избори во Косово в недела. Ова е опасно и непромислено. Џо Бајден исто така не смее да молчи за оваа ситуација – напиша Гренел на својот профил на Твитер.

Потсетуваме, полицијата на Косово, придружувана од единиците на РОСУ, упадна денеска во северна Косовска Митровица. Пукаа со боева муниција, фрлаа солзавец и шок бомби врз луѓето што се собраа да го одбранат својот град.