Гренел и 13 претставници на Вашингтон утре во посета на Приштина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, амбасадорот Ричард Гренел утре се очекува до допатува во Приштина, со цел да се запознае со текот на реализацијата на договорот за економска нормализација, што на 4 септември во Вашингтон го потпишаа највисоките претставници на Косово и Србија, објави порталот „Газета експрес”.

Гренел ќе предводи делегација од 13 претставници на официјален Вашингтон, кои, според приштинскиот медиум, ќе ги претстават проектите за Косово и регионот во рамки на договорот што го потпишаа косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Хоти и Вучиќ на 4 септември во Белата куќа во Вашингтон, во присуство на претседателот на САД, потпишаа спогодба со која се регулира економската соработка меѓу Приштина и Белград. Трамп договорот го оцени како историски и најави дека со нетрпение очекува да ги посети двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, пред два дена, на 18 септември, претседателот на Косово, Хашим Тачи го одликува Трамп со највисокото државно признание, Орденот на слободата на Република Косово, токму поради неговиот придонес во постигнувањето на последниот договор меѓу Косово и Србија.

Во соопштението по тој повод, Тачи му изрази благодарност на американскиот претседател за придонесот за слободата на Косово и јакнењето на мирот и стабилноста во регионот и нагласуи дека последниот договор меѓу Косово и Србија не би бил возможен без силното лидерство на САД и на претседателот Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This