дома Балкан ГРИПОТ КОСИ ВО ХРВАТСКА: Досега пoчинaлe 75 луѓе!

ГРИПОТ КОСИ ВО ХРВАТСКА: Досега пoчинaлe 75 луѓе!

Хрватскиот институт за јавно здравје соопшти дека се намалува бројот на болни од грип, од кој досега официјално заболеле 48.080, a 75 луѓе починале.

Оваа сезона на грип е многу поинтензивна во однос на бројот на заболените во споредба со претходните пет сезони, вклучувајќи и поголем број хоспитализирани луѓе и повеќе смртни случаи поради компликации кои ги предизвикала болеста.

Се проценува дека во Хрватска годишно од грип умираат околу 500 луѓе, од кои само мал број се официјално пријавени.