Груби: Ахмети започна иницијатива за план Б за почнување на преговорите со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер, Артан Груби вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 соопшти дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има план Б за отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

„Господин Ахмети има започнато иницијатива, што е доставена и во Бугарија, но и во другите земји на ЕУ, како пратеник, дел на мнозинството. Се работи за иницијатива, идеја на еден член на мнозинството, ова сме го разговарале и со премиерот, и со други членови на Владата но и со меѓународни пријатели, со цел да се постигне слична „формула“ како со нашето членство во НАТО. Истото, како план Б, сакаме да го реализираме и со Република Бугарија. Сите земји членки во Советот за општи работи на ЕУ, да одлучат дека првата меѓувладина конференција со РСМ и Албанија ќе биде на ист датум, со услов да се реши билатералниот спор меѓу Скопје и Софија. Ако се реши спорот, автоматски ќе имаме прва меѓувладина средба со ЕУ“, изјави Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This