дома Македонија Груби ги реши вработени со средно: Ќе имаат повисоки плати

Груби ги реши вработени со средно: Ќе имаат повисоки плати

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби објави дека ги потпишал решенијата на сите административци кои првично биле вработени со средно образование, а кои во меѓувреме завршиле високо образование при што како што вели, значително се зголемиле нивните плати.

Објавата на Груби е од синоќа, но во неа тој не прецизира за колку луѓе станува збор, пренесува Фактор. Вработувањето во јавната администрација долго време е престиж меѓу многу партиски приврзаници, а работата во државни институции беше полн погодок за многумина кои успеваа да влезат на конкурсите.

„Среднистите“ се вработуваа на ниски позиции, но со текот на времето и со завршувањето на високото образование тие се унапредуваат и добиваат решенија со повисока плата.

Во меѓувреме имаше и такви кои беа вработени по Рамковниот договор а кои не одеа на работа, а добиваа плата. Според пресметките, над осум милиони евра државата издвојува секоја година за оваа „армија“ вработени. Станува збор за над 1.300 административци кои „клатат врата и земаат плата“. Тие во наредниот период ќе добијат две опции за да почнат да работат – доколку не прифатат ниту една, следат откази.