дома Политика ГРУБИ ГО МOЛИ МЕМЕДИ ДА НЕ ДАВА ОCТАВКA: ДУИ cтpaвyва затоа што...

ГРУБИ ГО МOЛИ МЕМЕДИ ДА НЕ ДАВА ОCТАВКA: ДУИ cтpaвyва затоа што пратеничкото место ќе го добие Алијанса на Села

Мемеди, поради смената на нивниот сопартиец, Сухел Фазлиу од функцијата министер за локална самоуправа соопшти дека оставка си поднеле сите нивни функционери кои беа дел од власта.

Од ДУИ, оставката на Mемеди ја сметат како избрзана одлука и се надеваат дека ќе ја преиспита одлуката.

Оставката на Весел Мемеди е избрзан чекор и вчерашната изјава не држи, бидејќи ДУИ и СДСМ никогаш немале директен договор во врска со функцијата министер за локална самоуправа. Се надевам дека Весел Мемеди ќе ја преиспита својата одлука и ќе направи соодветна проценка за да биде и понатаму дел од реформскиот процес што го водиме и кој треба заеднички да го завршиме во овој мандат – изјави Артан Груби, ДУИ.

Груби додаде дека на Мемеди му било понудено местото на Зоран Шапуриќ кој досега беше министер без ресор, но тој и неговата партија одбиле.