Груби: Денешната Струга е резултат на Охридскиот Договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, г. Артан Груби денес учествуваше на панел-дискусијата на тема: „…по Охридскиот договор“, организирана од Општина Струга во соработка со Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Првиот Вицепремиер Груби истакна дека по повод 20 годишнината од Охридскиот Договор, организирани се серија настани посветени на овој документ што донесе мир во земјата и ги унапреди правата на Албанците и на другите етнички заедници. Тој истакна дека општина Струга е резултат на Охридскиот Договор, и денес благодарение на овој документ, имаме поразвиени општини.

„Патувајќи наваму читав, истражував окулу донесувањето на Законот за територијална поделба, тогаш речиси 20.000 граѓани излегоа на улиците во Скопје на протест против Законот за територијална поделба, додека околу 2.000 протестираа пред седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија каде се науѓаше тогашниот министер за одбрана, г. Владо Бучковски, против новата територијална поделба на градот Струга, вклучувајќи ги и околните рурални општини. Така што за прв пат албанците управуват со општина Струга. Од оваа перспектива од која можеме да осудиме со временска разлика од 15 години од изборите, 16 години од територијалната поделба и 20 години од Охридскиот мировен договор, ништо не се случи со Струга, ниту Струга отиде во Албанија, ниту Струга се спои со некоја друга општина, туку напротив се покажа дека Албанец во општина со мнозинство Албанци, многу добро може да управува со општината и да биде градоначалник и за Албанците и за Македонците, и Турците и Ромите, за сите заедници што живеат овде”, истакна Груби.

Првиот вицепремиер Груби, меѓу другите пред присутните на оваа Тркалезна маса, рече дека Владата останува посветена на локалната самоуправа во спроведувањето на бројни проекти со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните.

“Ние во Владата во соработка со општините реализираме многу проекти, како што е Коридорот 8, проект овој што ќе и помогне на општина Струга на многу посебен начин и со задоволство објавувам дека законот е веќе донесен во Собрание, додека Владата минатата недела донесе одлука да го задолжи Јавното претпријатието за државни патишта да го објави тендерот за избор на компанија која ќе врши надзор и ќе се консултира за склучување на договорот. Сметам дека ова е проект, можеби не проект на деценијата, би го нарекол и проект на векот. По реализацијата на ова, се надеваме дека работните активности ќе започнаат оваа година за да завршаат во 2024 година, додека патот до Ќафасан до 2025 година според прогнозите на Бехтел. Потоа следниот предизвик, ќе ни биде железничката врска од Кичево до границата со Албанија, во тој случај ќе го користиме пристаништето на Драч за нашиот пазар”, рече во својот говор првиот Вицепремиер, Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This