дома Македонија ГРУБИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО: Учете албански, тоа е јазикот на иднината

ГРУБИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО: Учете албански, тоа е јазикот на иднината

Тоа е јазик на иднината, пратениците од позицијата го знаат, искоментира пратеникот Артан Груби на денешната седница на собраниската Комисија за евроинтеграции на која се дискутираше на тема „Осврт на евроинтегративните процеси во Република С Македонија по Самитот на Европскиот совет во октомври 2019“.

Оваа забелешка на Груби следуваше откако пратениците од опозицијата реагираа дека немаат слушалки за превод, кои се неопходни, бидејќи комисијата се води на албански јазик согласно собранискиот Деловник. Тој исто така побара од собраниските служби да обезбедат слушалки за сите пратеници.

Груби денеска беше креативен и за други забелешки, па така процедуралното обраќање на пратеникот Антонио Милошоски го оцени како кандидатура за нов пратенички мандат.