дома Политика ГРУБИ КОНТРА СЈО ГО ПРАВДА АХМЕТИ: Пописот не пропадна, туку беше пратениците...

ГРУБИ КОНТРА СЈО ГО ПРАВДА АХМЕТИ: Пописот не пропадна, туку беше пратениците во Собранието го прекинаа!

Одлуката да нема попис беше донесена од пратениците кои ја имаат добиено довербата од гласачите, вели еден од тогашните членови на комисијата за спроведување на пописот, Аратан Груби од ДУИ, а по повод одлуката на СЈО да покрене истрага за неспроведувањето на статистичката операција во Македонија пред неколку години.

-Пописот не пропадна, туку е прекинат со одлука на Собранието на Република Македонија и со волјата на пратениците избрани од страна на народот, по предлог на Владата на Република Македонија. Пратениците изгласаа Закон за прекин на пописот во 2011-та година. Тоа е процесот, така се случи, тоа беше јавно направено пред очите на целата јавност во 2011-та година – изјави Груби.