Груби пpoтив ocтавката на Заев: Само оваа влада може да ги рeши проблeмите со Бугарија, да ги гарантира Преспанскиот договор и меѓуетничките односи и да обeзбеди напредок во евроинтеграцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Артан Груби, во отсуство на лидерот Али Ахмети кој ја славел победата во Кичево, учествувал на состанокот на коалиционите партнери на СДСМ придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими.

Тие дале недвосмислена поддршка за коалицијата и за продолжување на реформската агенда на Владата.

-Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, рече Груби.

Тој дообјасни дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.

-Не смееме да си дозволиме авантури во вие кршливи моменти за државата, рече Груби јасно порачувајќи дека бараат Заев да ја повлече оставката. На државата, рече тој, не и треба нестрабилност и несигурност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This