Груби aпeлиpa дo гpaѓaнтe: Cитe бeзpeзepвнo дa гo пoддpжaт пoпиcниoт пpoцec, ни eдeн дa нe ocтaнe нepeгиcтpиpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, по повод почетокот на пописот, кој ќе трае до крајот на месецот, Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби ги повикува граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес, учествувајќи и поддржувајќи го без резерва, поради големата важност што овој процес ја има за сите нас.

Ова го соопштија од Кабинетот на вицепремиерот Груби.

„Во оваа прилика, првиот вицепремиер Груби ги повика граѓаните да
одговорат позитивно на статистичката операција и ниту еден граѓанин да не остане нерегистриран.

Заедно сме повеќе!

Овој процес започна денес и ќе заврши на крајот на септември“, рече Груби.

Повикувајќи за помасовна регистрација, првиот вицепремиер Груби, исто така, истакна дека нашите сограѓани кои живеат во дијаспората и кои не ја исполниле оваа обврска се уште, треба да продолжат да го направат тоа затоа што до крајот на месецот можат да го направаат онлајн, исто како што се регистрирани другите досега.

Според првиот вицепремиер Груби, дијаспората треба да продолжи со
Пописниот процес и со тоа да потврди дека е наш составен дел, бидејќи сите наши успеси ни се заеднички.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This