April 20, 2024, 11:12 am

Груевски: Власта го дефоkусира народот со вакви конструирани случаи додека се подготвува нова мега измaмa на народот со идентитетот на македонската нација, историјата и јазикот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер на Република Македонија и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи го кометираше денешното рочиште од судењето за предметот „Плацеви на Водно“, истакнувајќи дека обвинителството ниту има, ниту пак може да набави докази за да го поткрепи сворто обвнинение, па затоа се обидува да се извлечаесо превземање на сведоци од предметот “Титаник”, за кој до вчера тврдеа дека тие пари оделе за финасирање на партијата, а денес истите тие пари тврдат дека јас сум ги користел, без никаков доказ, само како претпоставка.

Груевки посочи дека власта, која тоне во криминал, подготвува мега измама на народот со која за нови огромни остапки поврзани со идентитетот на македонската нација, историјата и јазикот.

„Кога власта незнае како да се извлече од актуелната енергетска и севкупна економска криза, кога власта самата одвнатре почнува да се распаѓа, кога државата секојдневно тоне под раководство на оваа криминална и корумпирана власт, народот треба да се занимава и да му се отргне вниманието со вакви конструирани случаи“, вели Груевски.

Во продолжение целата објава на Груевски.
Денес уште едно празно и безсмилено, во суштина и гротескно рочиште и сведочење во судот по предлог на обвинителството во предметот “Плацеви Водно”. Последните два сведока кои ги предложило обвинителството биле извесна Сузана Николовска и Драги Огњановски. Обвинителството веќе не знае што прави и зошто вика сведоци, иако имаат огромна моќ која произлегува од природата на нивната работа но и од блиската спрега со актуелната власт. Денешните два сведока се превземени од предметот “Титаник” со дадени искази уште во 2015 година и нејасна е врската со овој предмет.
Сузана Николовска не ја познавам, таа исто така кажала дека никогаш не се сретнала со мене. Таа кажала дека како советник на партијата во општина Гази Баба донирала 200 илјади денари и подоцна уште 60 илјади денари, што се заедно е околу 4 илјади евра. Кажала дека донацијата ја предала на благајникот во општината, и не навела имe на тој благајник.
Вториот сведок Драги Огњановски кажал дека пред изборите во 2006 година по наводен повик на тогашниот градоначалник на Гази Баба Коце Трајановски, донирал 300 илјади денари што е приближно околу 5(пет) илјади евра, и за тоа имал каса прими издадена од тогашниот секретар на партијата, Гордана Јанкуловска. Кажал дека не ме познава лично и дека се надевал дека со таа донација ќе си обезбедел да не му ја „закачаат“ фирмата.
Со овој сведок во посредство на мој роднина, се имам сретнато и подолго разговарано лично неколку пати по приватна основа некаде на почетокот на деведесетите години, отприлика некаде околу 1990-1992 година, кога уште бев студент и не бев вклучен во политиката. Тогаш се сеќавам Драги само што почнуваше да се занимава со бизнис и продаваше канцелариски матерјали по фирми. Оттогаш, речиси 30 години, го немам ни видено, ни чуено, ниту некој ми го спомнал неговото име, ниту пак тој барал средба со мене. Донацијата на партијата од приближно 5 илјади евра, за која говорел, ако воопшто се случила, е 15 години подоцна, после нашите неколку средби.
Фактот што кажал дека не ме познавал ми отвори сомнеж и за другиот дел од исказот, во смисла дали и останатиот дел од приказната која ја кажал е точен.
Во меѓувреме, денес се распрашав за него и дознав дека подоцна, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, било откриено дека на неговата градежна фирма УЈП пронашла посериозни наоди за неплатен данок, по што се соочил со законски проблеми и веројатно матерјални издадоци, па бил доста лут на партијата која ја водев и се приклучил во партијата “Обединети за Македонија” каде на некои од изборите бил и носител на листа, а се испостави дека неговата и сопругата на претседателот на таа партија-Љубе Бошковки биле и роднини.
Не знам што се случило со неговата фирма каде неплатил данок по доаѓањето на СДСМ на власт и дали тоа има некаква врска со неговиот исказ, но тоа може да се провери. Дознав само дека во претходните години имал средби со Кирацовски од СДСМ и дека насекаде изразувал лутина кон поранешната власт, пред се заради наодите на даночната управа кои очигледно го погодиле.
Но, вистинското прашање е зошто воопшто се повикани овие сведоци од страна на обвинителството? Што е целта, ако воопшто ја има, и што е нивната поврзаност со судскиот предмет за кој не судат?
Верувам дека не само јас туку и самите сведоци биле збунети кога добиле покана за овој предмет, бидејки се свесни дека немаат никаква врска со тоа. Најверојатна претпоставка е дека од обвинителството сакаат да докажат дека од овие донации (доколку навистина се случиле, особено втората), а во вкупна вредност од 9 илјади евра (и со зборови: девет илјади евра), јас наводно сум купил станови и земјиште, за кое без никаков доказ или евиденција обвинителството тврди дека сум го платил еден милион и триста илјади евра.
Имено, во овој предмет, согласно законите, обвинителството треба да докаже дека од некаде сум земал пари со кои подоцна сум купил имот, како што велат тие вреден над 1,3 милиони евра. Бидејки не се случило такво нешто, тие се принудени да конструираат нешто. Во случајот се гледаат две работи, а тоа е дека ниту имаат најелементарен доказ дека сум купил имот, ниту доказ дека од некаде сум обезбедил пари за такво нешто. Ниту пак реално може да имаат таков доказ бидејки немало такво нешто. Во една таква ситуација, тие се обидуваат одредени мали износи на наводни партиски донации, без никаков доказ да ги препишат дека јас сум ги земал и искористил за купување имот, и сето тоа без никаков доказ дека сум ги земал, напротив со сведочења дека не сум земал. На ваков начин секој лидер на партија може да биде обвинети обвинет, со претпоставка, повторувам ПРЕТПОСТАВКА, дека земал дел од партиските пари.
Сега обвинителството очекува дека судијата треба да “свати” и да прифати дека тие 9 илјади евра завршиле кај мене, иако и самата Гордана Јанкуловска како генерален секретар, и сите до еден други сведоци кажаа дека никогаш од нив ниту сум побарал, ниту сум добил пари.
Втора фантазија која треба да ја развие судот, е дека штом овие 9 илјади евра дошле до мене, веројатно, што значи дека судот треба да ПРЕТПОСТАВИ, или да развие фантазија, дека и други пари во износ од 1,3 милиони евра дошле до мене од тие донации и дека така јас сум купил имот.
Да ФАНТАЗИЈА, бидејки реално немаат прибавено и предложено никакви докази, ниту може да прибават бидејки такви непостојат.
Во ситуација кога немаат никаков доказ, сега се обидуваат да се извлечат со превземање на сведоци од предметот “Титаник”, за кој до вчера тврдеа дека тие пари оделе за финасирање на партијата, а денес истите тие пари тврдат дека јас сум ги користел, без никаков доказ, само како претпоставка.
Сега разбирам и зошто во борбата да им помогнат медиумите под контрола на власта, акцент ставија дека сум имал сеф во канцеларијата во поранешниот штаб (иако немав, а не гледам што е проблемот ако имав), па тоа треба да е некаков доказ дека демек треба да си претпостави секој дека сум чувал пари таму, како да ако некој нема сеф во канцеларијата, неможе да чува пари.
Неверојатни глупости! Неверојатни!!! Ниту доказ дека некој ми дал пари, ни доказ дека сам сум земал пари, ни дека некој видел пари во некаков мој сеф. Ниту пак доказ дека со такви пари, во готовина, или какви сака нека се, сум ги уплатил и сум купил имот.
Истовремно никој не прашува дали Заев или било кој друг лидер на партија дали има сеф во канцеларијата (не гледам проблем ни ако има), и што чува во него. Никој не ги вика донаторите на СДСМ и другите партии јавно да се објаснуваат и да ги праша колку и зошто уплатиле донации на таа партија. Никој не ги притиска или уценува тиедонатори да дадат искази какви штообвинителствотопосакува.
Неверојатна хајка! Неверојатна по дебилноста како е обмислена! Дојдоа во ситуација нивните партиски медиуми како прва вест на нивните портали да вадат текстови од архивите, нешто што пишувале пред години, и да ги држат со саати и денови, само за да заличи нешто сомнително, да се создаде перцепција дека има некои незаконски дејства. Тоа значи дека свесни се дека се “соголени” во нивната намера да судат и осудат луѓе без ниту еден доказ, заради партиско-политички мотиви (во делот на Камчев и одмазнички мотиви заради случајот “Рекет”), па им треба создавање јавна лажна перцепција како увертира за да го натераат судијата да донесе одлука каква што посакуваат.
За оние кои одамна не следат, да кажам дека исто вака е во сите други предмети за кои ме судат, мене и другите кои се најдоа на списокот на СДСМ. Се е со претпоставки, со бујни фантазии, со уцени на сведоци, со подметнувања од обвинителството и слично. Партиски обвинители, најчесто кај партиски одбрани судии. По исклучок има и по некој судија кој не е партиски, но или е уценет со нешто или му е ветена голема награда како унапредувања, вработувања и слично, а веќе дојде такво време да некои судии толку се исплашени што ни награда бараат, ни уцена чекаат, туку гледаат да пресудат како што власта очекува за да немаат проблем. За пример на другите, оние кои не се согласија да влезат во вакво друштво со ваков начин на работа, ги разрешија од функциите судии. За некои и недознавме со кое образложение ги разрешија, а на некои им изналепија етикети без никакви докази. Така оди прочистувањео на судството во Македонија, кое во реалноста е прочистување од сите кои не им се послушни на оваа власт, или кои претпоставуваат дека нема да се послушни.
Така денес обвинителството заврши со нивните сведоци, каде централна фигура требаше да им биде Александар Ивановски и неговата секретарка која само потврдува што шефот и кажал.
И кога сме кај Александар Ивановски, иако за волја на вистината истиот кажа дека никогаш од него не сум побарал да ми купува имот, туку наводно некој трет му рекол а тој поверувал, ниту пак примил пари за тој имот од било кого, кој имот и ден денес е дефакто негов, интересен е уште еден детал, кој произлегува од изјавите дадени во обвинителството. Човекот си имал обичај и веројатно некакви причини да работи нешта на туѓо име. Не биле само едното земјиште и два стана. Тој имал и фирма на име на извесен Горан Ристовски. Токму неговата секретарка давајки исказ во обвинителството на прашањата каде работела порано и сега, си кажала и потпишала дека порано работела во фирмата “Импрегнал Инжињеринг” за која кажала дека сопственик е Александар Ивановски, но дека во моментот (исказот го дала во ноември 2020 година) работи во фирмата “Порта Инжињеринг”, на која вели дека “ОФИЦИЈАЛЕН” сопственик е Горан Ристовски, меѓутоа додала дека со оваа фирма раководи Александар Ивановски. Знаејки каков бизнис работи Александар Ивановски, сфаќам дека ова со два стана и земјиште, е минорно во споредба со фирма која гради и продава стотици, или можеби илјадници станови, а фирмата ОФИЦИЈАЛНО е на друго име. Можеби и ова откритие во некоја фаза претходно било дел од уцената врз него, заедно со предметот “Империја” и со финасиката контрола направена непосредно пред да биде викнат да сведочи за овој предмет.
Оттука, јасно е дека Александар Ивановски имал обичај дел од својот имот да го става на друго име. Дали тоа го правел заради неговите престојни планови за развод на неговиот тогашен брак или заради нешто друго, тој најдобро си знае.
Но, сигурно е дека како сопственик на своја фирма со огромен обем на работа и висок профит, паралелно не бил вработен и на платен список како управител кај извесен Горан Ристовски.
И така додека власта тоне во сопствениот криминал, кога се подготвува за нова голема, мега измама на народот со која некој се подготвува да се направат нови огромни остапки поврзани со идентитетот на македонската нација, историјата и јазикот, кога власта незнае како да се извлече од актуелната енергетска и севкупна економска криза, кога власта самата одвнатре почнува да се распаѓа, кога државата секојдневно тоне под раководство на оваа криминална и корумпирана власт, народот треба да се занимава и да му се отргне вниманието со вакви конструирани случаи. Паниката е притисокот е дотолку поголем што гледаат дека го “губат тлото под нозете”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This