Ќе продолжи да се инвестира секоја година по најмалку 35 милиони евра за набавка на нова опрема и механизација, наводнување и услови за живот во руралните места низ државата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски кој вчера ги посети населените места Василево, Ињево и Конче.
Поддршка за здружување на малите земјоделци во задруги, покривање на 70-100% од трошоците од целиот инвестиционен проект за премин во повисока развојна категорија, се само дел од проектите од програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Груевски од Конче порача дека рудникот за бакар, сребро и злато Боров дол е во постапка за доделување на концесија а дека инвеститорот планира вложувања од 87 милиони евра за да се отвори рудникот, како и намалку 100 нови вработувања.
-Ќе извршиме реконструкција и на патиштата Струмица-Попчево, Белотино, Рич, Конче. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт, граѓаните ќе добиваат нови проекти и мерки кои ќе го подобруваат нивниот живот, заклучи Груевски од Конче.