дома Локално ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ВОЛКОВО: Новата Влада ги запре преостанатите проекти кои...

ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ВОЛКОВО: Новата Влада ги запре преостанатите проекти кои ги започнавме во оваа општина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски денеска се во посета на Волково, каде што се сретнаа со граѓаните на ова населено место.

-Тука пред неполн месец со асфалтирање се завршени улиците 31 и 33 – ветување од последната моја посета на Волково, во вредност од околу 6 милиони денари. За жал жителите ме информираа дека запрени се преостанатите проекти кои ги започнавме во оваа општина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, напиша Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој додаде дека новата Влада запрела со градба и асфалтирање на улици, како и градба на канализациона мрежа, кои самите граѓани ја барале.