дома Македонија ГРУЕВСКИ ГО ПОВИКА СУДОТ ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПРИТИСОЦИ:Надминете ги стравовите и...

ГРУЕВСКИ ГО ПОВИКА СУДОТ ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПРИТИСОЦИ:Надминете ги стравовите и донесете исправна одлука

Груевски во завршните зборови посочи дека колку и судот да е под притисок, заробен и како таков ставен во функција на целта на власта за редефинирање на државата кое го прави сегашната марионетска власт, правдата порано или подоцна ќе излезе на површина.

-Јас и покрај сите објавени новинарски натписи, особено оние на медиуми кои одблиску и секојдневно го следат судството, и покрај срамните изјави на премиерот и мој повеќе годишен политички конкурент, кој пред една недела со политички речник во изјава за медиумите веќе најави дека овој суд ќе ме прогласи за виновен, како да сакаше да покаже дека го контролира и управува судот Вас во судот, што пак само даде поткрепа на претходните медиумски натписи, сепак се уште верувам дека овој судски совет сепак ќе најде сили да покаже интегритет, цврстина, чесен однос кон својата професија, чиста совест и професионално однесување, изјави Груевски.