дома Социјални Мрежи ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕПОРАКАТА ОД ЕУ: ВМРО-ДПМНЕ добиваше 8 години по ред препорака...

ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕПОРАКАТА ОД ЕУ: ВМРО-ДПМНЕ добиваше 8 години по ред препорака од кои 6 години без услов, се додека СДСМ не направи политичка криза

Главната поента на СДСМ е дека добиле препорака без услов. ВМРО-ДПМНЕ добиваше 8 години по ред препорака од кои 6 години без услов, се додека СДСМ не направи политичка криза, кога работејќи во сопствена партиска корист наштети на државните интереси, вели поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Спротивно на тоа, условот е тргнат затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги стави државните пред партиските интереси и помогна во процесот, како што и секогаш ВМРО-ДПМНЕ правело. Државните пред партиските интереси! И како што и секогаш СДСМ правела, партиските и личните пред државните интереси. А колку гордо кажуваат дека со ова завршува политичката криза која впрочем тие ја направија за да дојдат на власт!, пишува Груевски на Фејсбук.