дома Социјални Мрежи Груевски за тpaгедијата во Тетово: Со години плаќале здравствено осигурување за да...

Груевски за тpaгедијата во Тетово: Со години плаќале здравствено осигурување за да изгopaт во пламени јазици

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, изрази сочуство до семејствата на загинатите во катастрофалниот пожар кој синќа до темел ја пеплоса тетовската модуларна болница. Груевски посочи дека е вистинска трагедија што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, за сега, заради нечија негрижа и неодговорност изгореа во пламените јазици.

„Изразувам длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово. Загубата на најблиски во семејството е ненадоместлива и не постојат доволно зборови за утеха.
Тагата е поголема кога ќе се помисли на околностите под кои нивните најблиски на многу болен начин ги загубија животите токму онаму каде очекуваа да им бидат спасени. Вистинска трагедија е што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, а сега, заради нечија негрижа и неодговорност изгореа во пламените јазици.
Одговорност, независна истрага и севкупна постапка мора да има. Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и трагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени на општеството, но денес на овој тажен ден не е време за тоа“, вели Груевски.