дома Македонија ГРУЕВСКИ НА 8 НОЕМВРИ ВО ШУТКА, УПАТНИОТ АКТ ГО ДОБИ ДОДЕКА ЧЕКАШЕ...

ГРУЕВСКИ НА 8 НОЕМВРИ ВО ШУТКА, УПАТНИОТ АКТ ГО ДОБИ ДОДЕКА ЧЕКАШЕ ВО СУДОТ: Го виде и го стутка

Пред судењето за „Траекторија“ на СЈО, денеска во холот на Основниот суд Скопје 1 додека чекаше да влезе во судница како обвинет, службеник од судот му го врачи упатниот акт на Никола Груевски да се пријави на 8 ноември во затворот во Шутка на отслужување на двегодишната затворска казна за „Тенк“. Тој само го погледна документот, го стутка и го стави в џеб.

Груевски може да побара одлагање на почетокот на извршувањето на казната (по член 89 од Законот за извршување на санкциите), ако:

се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности
се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице
одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила
осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета
одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувало заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството
е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеца, и ако:
е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште.
Груевски може да искористи и вонредни правни лекови за преиспитување на одлуката на Апелација, но тоа не го одлага извршувањето на казната. Овие работи тие ќе може да си ги брка од затворска установа.

Ако искористи правни лекови од Врховниот суд, судот нема да може да одлучува без да побара мислење од надлежниот јавен обвинител.