дома Политика ГРУЕВСКИ ОД ГОСТИВАР: Ги запреа сите градежни проекти за по две-три години...

ГРУЕВСКИ ОД ГОСТИВАР: Ги запреа сите градежни проекти за по две-три години нивната неспособност да ја претстават како способност

Ветуваа дека ќе имаме по 500 евра просечна плата за сите. Да ве прашам, имаме ли сите по 500 евра секој граѓанин? Нема такво нешто и нема да има додека е ова помрачување. Ветуваа дека ќе растат пензиите. Тука видов и се поздравив со многу пензионери. Да прашам, драги пензионери, дали имавте покачување на пензиите оваа година? Немавте. Да прашам, за младите ветуваа дека ќе има проект „Младинска гаранција“ и штом ќе се заврши универзитет, најкасно ќе се добие вработување. Има ли некој млад што ја почувствувал оваа младинска гаранција? Нема такво нешто.

Ова денеска од митингот во Гостивар го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Почна пад на индуструското производство. Дојде и пад по подолго време и на прометот на индустријата, девизните резерви галопираат за 172 милиони евра. Се запреа градежните проекти во Македонија. Крупните градежни проекти застанаа. Автопатите, клиничките центри, училишта, градинки, се запреа од инает зошто тоа го почнало ВМРО. Од завист, од желба својата неспособност да ја престават како способност по две-три години кога ќе ги продолжат, посочи Груевски.

Нагласи дека СДСМ најавија зголемување на даноците по 11 години откако Македонија е држава со најниски даноци во светот. Груевски рече дека во новата ера и во новата стратегија на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е Македонија повторно да биде држава со најниски даноци во светот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека локалните избори на 15 октомври не се само за градоначалници и советници, туку многу повеќе од тоа.