Тој посочи дека дури и медиумите објавувале за однапред заокружени гласачки ливчиња, дел од официјалниот изборен процес.
-За прв пат во историјата на Македонија, полициски џипови кружеа со партиски симпатизери на СДСМ во истите автомобили. Сето ова имаше свое влијае на изборниот резултат и овие нешта придонесоа за водство или некаде за победа на СДСМ. За сите нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе преставки и жалби до соодветните органи. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија со голем број на симпатизери, поддржувачи и партиски членови, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски истакна дека по завршување на изборите ќе следи анализа на истите.
-Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите, вели Груевски.