дома Македонија ГРУЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН:Бог нека е со нас и со...

ГРУЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН:Бог нека е со нас и со Македонија

Почесниот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по повод големиот хрстијански празник Велигден, упати честитка до сите кои го празнуваат.

-Во деновите кога се празнува празникот над празниците дозволете на сите граѓани од православна вероисповед да Ви го честитам Воскресението Христово Велигден со желби за добро здравје, семејна радост и лични успеси. Во овие времиња преполни со предизвици кога станува збор за државата она што може човек да го посака е таа да биде сочувана и она што на народот природно му припаѓа, македонскиот идентитет, јазик, име и посебност. Да сте живи и здрави, среќни, со желба за ваш личен напредок и просперитет и исполнување на сите Ваши планови. Бог нека е со нас и со Македонија.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!, пишува Груевски во својата честитка.