дома Актуелно ГРУЕВСКИ: СЈО прави политичка хајка за да ги прикрие неуспесите на СДСМ

ГРУЕВСКИ: СЈО прави политичка хајка за да ги прикрие неуспесите на СДСМ

СЈО година ипол објавува дека ќе добиеме обвиненија, за Титаник го зборуваат обвинението година ипол, во меѓувеме кој знае колку патувања имав и се вратив од патувањата. Само во јуни имав кратки патувања во 4- до 5 држави од кои се вратив. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на 28 или на 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, така што не ми паднало на памет да бегам.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали можеби планирал да бега надвор од државата.

-Се работи за политичка хајка, против мене лично, против моите соработници и против партијата, начи се работи за политички атак врз ВМРО- ДПМНЕ, да не деградираат, омаловажат, тоа е тоа, тоа е целата битка. Инаку, ако сме сакале да бегаме сме имале толку многу можности, толку многу патувања и во време кога знаевме дека ќе има обвиненија. Јасна е работата дека станува збор за политичка хајка со цел СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и плановите кои ги има да ги направи поврзани со државните и националните интереси, а ние да се занимаваме со вакви проблеми, додаде Груевски кој денеска беше во посета на Битола.