дома Политика Груевски: Ќе направиме напори индустријата 4.0 да влезе и во Македонија

Груевски: Ќе направиме напори индустријата 4.0 да влезе и во Македонија

Ќе направиме напори индустријата 4.0 да влезе и во Македонија. Индустриското производство да се надгради со современи информациски и комуникациски технологии, рече Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

-Вмрежувањето во интелигентни системи e иднината на прозводството. Македонија мора да го држи чекорот со светот на овој план, притоа водејки особена сметка за балансот на оваа цел со приоритетната политика за обезбедување на вработувања. Во еден глобален и дигитализиран свет со силен развој на средствата за комуникацијамоногу претпријатија може да функционираат и во мали градови и во селска средина. Мрежите на оптички кабли треба да ги опфатат сите населена места во Македонија и супер брз интернет да биде достапен од речиси секоја точка во Македонија, рече Груевски.