дома Македонија ГРУЕВСКИ ЌЕ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НИМИЦ

ГРУЕВСКИ ЌЕ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НИМИЦ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во текот на денот ќе оствари средба со посредникот во грчко- македонскиот спор за името, Метју Нимиц.

Средбата меѓу лидерот на најголемата македонска политичка партија и медијаторот Нимиц доаѓа откако претходно Нимиц се сретна соЗоран Заев, Никола Димитров, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Нимиц вчера разговараше со претседателот Ѓорге Иванов.

Нимиц во изјава за медиумите денеска оцени дека за да се реши проблемот требало општ напредок, односно „двете страни да размислат многу сериозно и многу внимателно да се слушаат меѓу себе“.