Група лица „уапсиле“ директор на грчко средно училиште поради спроведувањето на мерките против Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група граѓани кои самите се нарекуваат „Заштитници на Уставот“, а се против мерките за заштита од Ковид-19, против вакцината и генерално го негираат постоењето на пандемијата, утрово предизвикале инцидент во средно училиште во грчкиот град Егинио, во областа Пиерија, кога „го уапсиле“ директорот и го одвеле во полициска станица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, полицијата ги привела сторителите, вкупно 11 лица, а инцидентот се случил рано утрово, кога го пресретнале директорот при  пристигнувањето во училиштето. Го нападнале, му ставиле лисици на рацете, насилно го внеле во еден од нивните автомобил и го однеле во полициска станица, со образложение дека го прекршил Уставот со тоа што ги спроведувал мерките за заштита од Ковид-19.

Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос го осуди инцидентот и упати предупредување дека „ваков вид однесувања се провокативни и неприфатливи, а полицијата не смее да дозволи нивно повторување“. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This