дома Балкан ГРЦИТЕ БАРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ: Треба да се смени цел устав за...

ГРЦИТЕ БАРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ: Треба да се смени цел устав за крај на иредентизмот, побара Каменос!

Димитрис Каменос, пратеник од партијата Независни грци и заменик претседател на грчкиот парламент, по средбата на премиерите Ципрас и Заев не е целосно задоволен од преземените гестови на добра волја. Според него, не е доволно преименување на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.

-Тоа не значи ништо. За да се стави крај на иредентизмот потребно е смена на целиот устав на ФИРОМ, истакна Каменос во уште еден говор со кој ја поткопува владината коалиција составена од Сириза и националистичката партија Независни Грци.

Ваквиот говор на Каменос не е изненадување бидејќи Независни Грци има очаен рејтинг и на следните избори според актуелните анкети нема шанси за добивање на пратеничко место со што им се заканува исчезнување од политичката сцена во Грција.

Пратеникот Никос Филис од Сириза истакна дека ставовите на Димитрис Каменос не се израз на ставовите на владината коалиција која се залага за сложено име за севкупна употреба.