дома Македонија ГРЦИТЕ ,,БЕСНИ“ОД ГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ ВО АВСТРАЛИЈА:Ќе тужат за запаленото знаме на протестите

ГРЦИТЕ ,,БЕСНИ“ОД ГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ ВО АВСТРАЛИЈА:Ќе тужат за запаленото знаме на протестите

„Неос Козмос“, весник кој се дистрибуира меѓу Грците дијаспората, објави денеска дека австралиските Грци ќе бараат правда на суд во врска со протестите на, како што ги нарекуваат“ „австралиските ФИРОМјани“ во неделата на кои бил навредуван хеленизмот и беше запалено грчко знаеме.

„Тековниот спор меѓу грчката австралиска заедница и одредени групи на фиромјански Австралијци наскоро ќе го достигне својот врв, бидејќи Австралискиот институт за македонски студии (Australian Institute of Macedonian Studies – AIMS) ќе поднесе тужба против организаторите на анти-грчкиот митинг што се одржа во неделата“ пишува „Неос Козмос“.

Според AIMS, организаторите на митингот биле одговорни за поттикнување националистичка и расна омраза против хеленизмот; за негување омраза и навреди кон Грците и нивните национални симболи, вклучувајќи го и грчкото знаме; клевета на Грчка Македонија, нејзината историја и култура и клевета против Грците.

Во соопштението, ЦИМС ги обвинува „славомакедонските““ (како што се нарекуваат во соопштението) организатори на митингот за екстремен иредентизам; клеветата на хеленизмот;навредувајќи ги грчките национални симболи и за негување на омраза против грчкиот народ, истовремено злоупотребувајќи ги правата што им се дадени во контекст на австралискиот мултикултурализам, пишува „Неос Козмос“.