дома Балкан ГРЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ВО СОЛУН ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: За сабота закажан...

ГРЦИТЕ НА ПРОТЕСТ ВО СОЛУН ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: За сабота закажан протест за договорот од Преспа

Против Договорот од Преспа, на мирен и решителен начин, без партиски обележја и без говорници, грчките организации од дијаспората и „Комисиите за борба за Македонија“ ги повикуваат Грците во сабота, во 19 часот, да излезат на протест во Солун, за време на отворањето на Меѓународниот саем.

„Сите со грчки знамиња во рака, дојдете да го преплавиме Солун по повод присуството на премиерот Ципрас на отворањето на Меѓународниот саем. Собирот ги засега сите Грци, затоа што не треба да се дозволи словенизација на македонскиот хеленизам што води кон отстапување на грчки територии“, пишуваат организаторите во соопштението.

Организаторите се истите кои стоеја зад протестите во Солун и Атина, во јануари и февруари годинава. Паралелно, изработија и видео спот, јави дописничката на МИА од Атина.