дома Балкан ГРЦИЈА ГИ ОДБИ НАТО И САД: Ципрас одбил да учествува во воена...

ГРЦИЈА ГИ ОДБИ НАТО И САД: Ципрас одбил да учествува во воена операција во Сирија предводена од САД

САД и нивните сојузници сеуште размислуваат за можноста за воен напад за наводниот хемиски напад, за кој го обвинија официјален Дамаск

Грчкиот премиер Алексис Цирпрас на францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор му пренел дека Атина нема да учествува во можна воена операција предводена од САД и сојузниците, поттикнат од наводен хемиски напад во сириска Дума, пренесе грчката агенција АМХА.

Неодамнешната ескалација во меѓународните тензии поради Сирија беше предизвикана од медиуми блиски на сириската опозиција, кои тврдеа дека Сириската влада е одговорна за наводен хемиски напад во градот Дума. Непотврдени информации веднаш беа пласирани и од невладината „Бели Шлемови“ кои денес беа разобличени на прес конференција на Руското министерство за одбрана, кое објави докази за тоа дека организацијата била инструирана од Британци.