дома Балкан Грција гopи: Зaтворен Акрополот поради еkcтремно високите температури

Грција гopи: Зaтворен Акрополот поради еkcтремно високите температури

Екстремно високите температури ја погодија грчката престолнина денес, поради што најпосетуваниот споменик Акропол беше привремено затворен од 13 до 17 часот.

Живата во термометарот во грчката престолнина достигна дури 42 Целзиусови степени, објави националната метеоролошка служба, пренесува Танјуг.

Луѓето масовно го писетија на плажите во Атина со цел полесно да ги издржат рекордно високите температури, објави Ројтерс.

Акропол, најпознатиот антички споменик во земјата, кој привлекува илјадници туристи на ден, е затворен од еден до пет попладне по локално време.