дома Македонија Грчев контра Заев: Ставот на Заев за Tриумфална е негово лично мислење,...

Грчев контра Заев: Ставот на Заев за Tриумфална е негово лично мислење, треба да се руши

Архитектот Мирослав Грчев вели дека изјавата на премиерот Зоран Заев дека со мислењето испратено до Општина Центар, Владата не барала уривање на посочените два објекта од проектот „Скопје 2014“, туку почитување на мислењето на стручните комисии, вели дека што го кажа премиерот не е став на Владата, туку негово лично мислење.

„А ставот на Владата по однос на ДУП „Мал ринг“ беше да побара стручни мислења од служби на неколку министерства, од работната група при Министерството за култура кои се последиците од „Скопје 2014“, како и од Конзерваторскиот центар. Во тоа мислење што е и став на Владата е дека Општина Центар во рамките на своите надлежности покрај донесување на ДУП мора да ги почитува и законите кои и се посочени и дека треба да ги земе предвид мислењата кои се поместени во тие насоки и ставови на Владата“ – вели Грчев кој е член на Советот за култура на СДСМ, но и раководител на работната група на Министерството за култура, во изјава за весникот ВЕЧЕР.

Заев деновиве изјави дека конкретно Порта Македонија не го попречува движењето.

„Мислењето дадено до Општина Центар од Владата не укажува дека треба да се урива кој било од споменатите објекти – рече Заев според кој „…Порта Македонија, не попречува пешачки сообраќај“.