дома Актуелно Грчката амбасада зaбpaнилa Makeдонската гapдa да го пречекува грчкиот министер за внaтpeшни...

Грчката амбасада зaбpaнилa Makeдонската гapдa да го пречекува грчкиот министер за внaтpeшни работи

Македонската армиска гарда утре нема да го пречека грчкиот министер поради амблемите кои стојат на нивните униформи, а се уште не се променети, дознава „Инфомакс“.

Според неофицијални информации, во текот на денешниот ден претставници на грчката амбасада биле во инспекција на гардискиот полк каде била констатирана „неподобност“ Македонската армиска гарда да го поздрави грчкиот министер за внатрешни работи.

Грчката амбасада правела и инспекција и на сите други натписи на армиските единици, но и на полицијата оценувајќи дали нашата полиција и војска се подобни да го пречекаат грчкиот министер за внатрешни работи Михалис Хрисохоидис.