дома Балкан ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ: Илинденска Македонија значи држава која го...

ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА НЕ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ: Илинденска Македонија значи држава која го сака Солун за главен град, тоа е неприфатливо!

Лидерот на Нова Демократија Киријакос Мицотакис го информирал грчкиот премиер Алексис Ципрас дека предлогот на Зоран Заев „Илинденска Македонија“ е неприфатлив и неодговорен предлог

 

„Ова име историски е директно поврзано со аспирацијата за формирање на ‘Македонска нација’ и држава која го гледа Солун како главен град, а територијата и се протега до Егејското море. Секоја поврзаност со Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку го потврдува и го засилува. Затоа е неприфатлив овој предлог дури ниту за дебата“, рекол Мицотакис, пренесува грчка Елефтеротипија.

Грчкиот премиер ја потврдил оваа информација.