дома Балкан ГРЧКА „ЗЛАТНА ЗОРА“ ИМ ЗАБРАНУВА НА МАКЕДОНЦИТЕ ДА ОДАТ НА КУЛТУРЕН НАСТАН:...

ГРЧКА „ЗЛАТНА ЗОРА“ ИМ ЗАБРАНУВА НА МАКЕДОНЦИТЕ ДА ОДАТ НА КУЛТУРЕН НАСТАН: Грчките нео-нацисти со блкади на патот и протест им забранија на македонците да одат на култирен настан

На Фејсбук страната „Macedonian Human Rights Movement International“ се појави статус дека грчки нео-нацисти со блокади спречуваат Македонци во Егејска Македонија да одат на културен настан.

-Распоредена е полиција, и има опасност од инциденти. Настанот се организира во Домот на македонската култура на Егејска Македонија. Нацистите го блокираат патот од Лерин до Пателе, каде се одржува настанот. Нацистичката партија Златна Зора тврди дека извојувале “победа против Македонците”, стои во објавата на Фејсбук.

По најавата од страна на „Златна Зора“ дека ќе организира протести за да се спречат македонците односно крадците на историјата како што велат тие денес токму тоа и се случи.

Огромно присуство на вооружени полициски сили и демонстранти спречија дел од етничките македонци од егејскиот дел да го посетат културниот настан.