дома Храна ГРЧКА ПИТА: Нема потреба од месење и кора

ГРЧКА ПИТА: Нема потреба од месење и кора

Направете грчка пита без кора.

СОСТОЈКИ:

2 јајца, 1 прстофат сол, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 250 гр. сирење, 1 лажиче сода, 2 шолји брашно, 1 лажиче оригано, 1 прстофат бибер.

ПОДГОТОВКА:

Се мaтaт јајца со сол се става млако млеко и се става масло.
Додајте 200 грама сирење и мешајте.
Се става сода со малку оцет колку да нарасне.
Се додава и брашното со оригано и бибер и се меша.
Се става во плех смесата со хартија и се става останатото сирење горе, се пeчe на 180 степени додека не порумени убаво.

Уживајте!