дома Македонија ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ПРИЗНА ГEHOЦИДOT ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ: Македонија не е една и...

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ПРИЗНА ГEHOЦИДOT ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ: Македонија не е една и грчка, Македонија стана грчка откако ги населивме бегалците од Мала Азија

-Грчката Македонија е грчка и да сум појасен стана грчка затоа што по население Македонија до 1912/13 и 1921/22 кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население, преку тешки настани кои прежиевавме како народ и ние, но и други народи во регионот. Ако е така, со грчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците ,, Македонија е една и грчка? Со кого си играме мајтап, со самите себе, прашува грчкиот пратеник Никос Филос.

Дебатата за ратификацијата на Договорот од Преспа отвори многу прашања меѓу кои и прашањето како Македонија стана грчка. Токму на оваа тема и за ова прашање говореше грчкиот пратеник од Сириза Никос Филос кој ја објасни историјата на регионот на Егејска Македонија и како тој бил хеленизиран од доселениците и преку етничко чиcтeњe на етничките Македонци.

– Македонија не е една и грчка. Грчката Македонија е грчка. Постојат многу Македонии.
Македонии и на другите, кои јасно се одредуваат со Договорот од Букурешт со нашиот потпис, со грчки потпис. Па така, кога слушаме „Македонија е една и грчка“, тоа се сфаќа како иредентизам, рече пратеникот од СИРИЗА, Никос Филис кој објасни дека Македонија стана грчка.