дома Балкан Грчки ocтpoв вo кapaнтин пopaди кopoнaвиpycoт

Грчки ocтpoв вo кapaнтин пopaди кopoнaвиpycoт

Зголемување на инфекцијата со коронавирус на грчкиот остров Калимнос ги активираше властите да го стават под блокада, ден откако беа ублажени ограничувањата ширум земјата.

Министерството за цивилна заштита соопшти дека воведува блокада на овој остров од денес до 10 мај од итни причини и сериозен ризик за јавното здравје, а со цел спречување на ширење на вирусот.

На жителите ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за да одат на работа, да посетат лекар или аптека, при прошетка на домашни миленици или купување во супермаркет до 18 часот.

Останатите ограничувања  вклучуваат запирање на градежните работи и верски обреди, а погребите може да се одржат со максимум девет присутни. Островот дозволено е да се напушти само поради здравствени причини.