Жителите на Сoпиштe мoлaт за пoмoш – 48 чaсa сe бeз вoдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопската општина Сопиште повторно оставена на милост и немилост – без водоснабување во последните 48 часа.

Граѓаните останаа беспомошни во време на пандемија на +40 степени кога водата е неопходна. Тие секојдневно се обидуваат да стапат во контакт со надлежните, но од нив ни трага ни глас.

Инфомакс исто така се обиде да стапи во контакт со Скопски Водовод, но немаше одговор.

Причините за дефектот и траењето на истиот остануваат непознати.

Ова не е прв пат на улицата 10 во Сопиште каде што има поголема концентрација на домови да останат без водоснабдување. Пред неполни петнаесетина дена мештаните од улица 10 во Сопиште чекаа водоснабдување повеќе од 24 часа поради пукната цевка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This