Гугл и фејсбук се соочуваат со тyжби од речиси сите сојузни држави во САД и неколку федералните служби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Технолошките компании Гугл и Фејсбук подготвиле заедничка одбрана во антимонополските тужби дадени против нив од редица сојузни држави и од сојузни органи како Федералната трговска комисија (ФТЦ).  Според одделна тужба поднесена од десет сојузни држави, а до која дојде Волстрит журнал, се дознава дека двете компании се договориле „да соработуваат и меѓусебно помагаат“ во подготовките на антимонополската истрага.  

Во десетте сојузни држави на власт се републиканците со републикански државни обвинители. Тие денеска поднесија тужба против Гугл за наметнување монопол во онлајн рекламниот бизнис, и ковање заговор со Фејсбук да се истиснат помалите рекламни компании.  

Против двата технолошки гиганти досега се поднесени уште две заеднички тужби од речиси сите сојузни држави во САД, и од федералните служби како ФТЦ, одговорни да сузбиваат нелојална конкуренција. Против Фејсбук е отворен посебен случај поради откупот на Ватсап и Инстаграм, конкуретни социјални мрежи.  Фејсбук ги отфрли обвинувањата, и укажа дека двете компании биле купени не за да се наштети на конкуренцијата, туку да се зголемат понудите за избор и привилегии за издавачите и рекламодавците. Од Гугл изјавија дека нема ништо погрешно или ексклузивно во договорот за аукции на реклами со Фејсбук. 

-Тврдењата се неточни, ние не манипулираме со аукциите, изјави портпарол на Гугл.  Според договорот, се работи за тоа Фејсбук да добие фиксен процент од рекламни аукции. Внатрешен меморандум на Фејсбук го оценил договорот како „ефтин“, во споредба со директната конкуренција. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This