дома Свет Гугл ќе ги блokира изборните реклами по зaтворањето на гласачките места во...

Гугл ќе ги блokира изборните реклами по зaтворањето на гласачките места во САД

Aмериканскиот технолошки гигант Гугл ќе ги бokира сите реклами поврзани со изборите по затворањето на гласачките места на претседателските избори во САД на 3 ноември, објави во петокот Аксиос.

Во и-меил испратен до огласувачите, Гугл вели дека рекламите кои се однесуваат на „кандидатите, изборите или резултатот“ нема да бидат дозволени, со оглед на тоа што невиден износ на гласови ќе се бројат по денот на изборите годинава.

На почетокот на овој месец, Фејсбук соопшти дека нема да објавува нови политички реклами една недела пред изборите, бидејќи гигантот на социјалните мрежи се обидува да „поттикне гласање“ и да стави крај на дезинформациите на својата платформа.