дома Хроника ГУЖВА И НЕИСЧИСТЕНИ КОЛОВОЗИ: На Деве Баир се чека и по 30...

ГУЖВА И НЕИСЧИСТЕНИ КОЛОВОЗИ: На Деве Баир се чека и по 30 минути!

На граничниот премин Деве Баир има зголемена фреквенција и задржувања од минимум 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража се укинати.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.